Арсенал добива засилувања од Реал?!

Веќе нема дилема, Арсенал ќе добие големо засилување деновиве.

Шпанските и англиските медиуми шпекулираат за доаѓањето на Мартин Одегард во Арсенал, каде тој ќе игра како позајмен играч до крајот на сезоната и дека ќе биде претставен денес по лекарските прегледи.

За тоа задоволство на „топџиите“ ќе платат 2.000.000 евра, покрај тоа ќе ги преземат трошоците за платата на Норвежанецот и нема да има фиксна клаузула кога станува збор за неговиот трансфер.

Наводно, пресудна беше големата желба на Микел Артета, со продажбата на Месут Озил, се создаде голема дупка во тимот кога станува збор за креативниот играч за врска, па проценката на Шпанецот е дека Одегард е вистинското решение за тој проблем.

Зинедин Зидан не даде значајна можност за 22-годишниот фудбалер, бидејќи од почетокот на сезоната има само девет настапи, односно вкупно 367 минути во Примера и Лигата на шампионите.

Доколку Одегард се врати во препознатлива форма, нема сомнеж дека Арсенал ќе добие многу, без оглед на тоа што во тој случај би било тешко да го купат на крајот од сезоната, бидејќи цената би се зголемила.

А таа веќе е 40.000.000 евра …

Post Author: aleksandar