Бејл го заврши своето, пристигнува откритието на Раниери?

Вториот мандат на Герет Бејл нема да остане во убаво сеќавање на навивачите на Тотенхем.

Велшанецот дојде на едногодишна позајмица од Реал Мадрид, но некогашната надеж на „петлите“ честопати не успеваше да се избори за место на клупата под водство на Мурињо. Напаѓачот ќе се врати во Мадрид на крајот од сезоната, а англиските медиуми веќе пишуваат за играчот кој ќе го наследи во Тотенхем.

Станува збор за Дамсгард, фудбалер на Сампдорија. Данецот има одлична сезона со Раниери, има два гола и четири асистенции на 21 натпревар. На 1 септември 2020. година тој дојде за сума од шест милиони евра, сега се проценува на три пати поголема од износот.

За Дамсгард е заинтересиран и Вест Хем, а срамежливо се споменува Јувентус.

Post Author: aleksandar