Зошто пропадна трансферот на Депај?

Многу прашина се крена со ситуацијата околу Мемфис Депај и неговиот пропаднат трансфер.

Сите очекуваа дека Депај ќе пристигне во Барселона во последните часови од трансфер периодот.

Но сепак тоа не се случи, а сега каталонскиот весник СПОРТ, пишува дека Барселона имала договор со Лион за трансфер на Депај.

Претседателот на Примера, Хавиер Тебас, ја оневозможил регистрацијата на Депај во Барселона, затоа што каталонскиот клуб ги пречекорил лимитите за плати на играчите.

26 годишниот фудбалер на Камп Ноу требаше да пристигне во Барселона, но сепак, од Примиера не им дозволиле да го регистрираат Депај.


Post Author: aleksandar