Ова се деталите за финансиите на Барселона! Извесен е банкрот ?!

Фудбалскиот клуб Барселона го минува најтешкиот период од поновата историја, а сега се познати деталите.

Одамна е познато дека Каталонците се во големи финансиски проблеми, а сега протекоа сите информации. Барселона има вкупен долг над МИЛИЈАРДА евра, а особено е важно да се истакне една ставка – Каталонците имаат рок до 30. јуни да го отплатат долгот од 266 милиони евра, во спротивно ќе го нарушат финансискиот фер-плеј.

Како што знаете, фудбалската година се смета од 1. јули до следните 365 дена, а во тој период клубовите мора да имаат сè „испеглано“, односно колку трошат, толку и да заработат. Токму затоа Барселона направи чудна трансакција со Јувентус ова лето, каде во центарот беа Артур Мело и Миралем Пјаниќ.

Барселона во моментов нема администрација, привремената со Карлос Тускетс нема надлежност за поголеми работи, па на новиот претседател му претстои огромен долг и краток период за да го реши проблемот.

На долг рок, Барса е во проблем што нема да се реши толку лесно, а се споменуваат нови заеми и задолжувања во банките.

И тогаш, главното прашање што сè уште никој не смее да го постави – Лео Меси?

Аргентинецот Барса ја чини околу 100 милиони евра годишно, неговиот договор истекува на 30. јуни, а новиот претседател ќе има задача да го задржи. Единственото прашање е – со кои пари? Дали Меси треба да прифати да заработи трипати помалку пари во тим кој долго време беше во европскиот крем?

Откако денес протекоа сите детали, огромниот долг од една милијарда и над 250, кој мора да се реши до 30. јуни, треба да се подготви, медиумите ќе ја распнат на Барселона во наредните месеци. Како што стојат работите, поизвесно е дека Барселона ќе банкротира отколку да може да го задржи Меси.

Изборите се закажани за 7. март, доколку не бидат одложени повторно …

Post Author: aleksandar