Барселона синоќа беше поразена од Севилја со 2:0 во полуфиналниот натпревар од Купот на кралот.
Каталонците не ги искористија своите шанси на овој натпревар, па ќе имаат многу тешка задача да ја надополнат оваа предност на реваншот.
Сепак, по овој натпревар повторно се зборува за однесувањето на Лионел Меси на теренот. Sвездата на Барса во последно време има многу „краток фитил“, за што сведочи неодамнешното исклучување на мечот против Атлетик Билбао.
Многумина сметаат дека Меси требаше да биде казнет дури и по контакт со фудбалерот на Севилја, Жоан Џордан. Лео беше запрен од Џордан, тој се обиде да протестира со судијата што ја држеше топката, а потоа реагираше Меси.
Should be a red card for Messi pic.twitter.com/JKxLm32v9T
— Brad (@lfcbradd) February 10, 2021
Фудбалерот на Барселона сакаше што побрзо да ја извади топката од рацете на Џордан. Тој реагираше жестоко, а Џордан се фрли на тревникот алудирајќи дека Меси го удрил со лактот во лицето.
Потоа страстите се разбрануваа, имаше притисок, Џордан доби жолт, а Меси остана без никакви санкции.
Многумина се убедени дека ова навистина бил удар на лактот, и дали е тоа така, проценете сами.