Последиците се јасни, сè е запрено во Барса!

Финансиските извештаи открија дека Барселона должи над милијарда евра и дека мора да покрие четвртина од тоа до 30. јуни за да не биде во проблеми со финансискиот фер-плеј.

Практично, веднаш стана јасно дека привремената администрација нема да може да реализира какви било трансфери до крајот на јануарскиот преоден рок, но Роналд Куман исто така ги запре заминувањата.

На последниот состанок тој рече дека по Карлес Алена, никој повеќе не треба да го напушта клубот, освен ако не се донесе потенцијална замена. Најблиску до заминување беше Жуниор Фирпо, но сега тој исто така ќе остане да ја грее клупата на Алба и да го одигра натпреварот од купот.

Едно е познато сега – Барса ќе донесе само играчи кои ќе бидат слободни на лето, бидејќи нема да има пари за обештетување. За среќа, има цели што Куман ги сака, исто како и повеќе или помалку сите претседателски кандидати – Ерик Гарсија е веќе договорен, а тука се и Вајналдум, Депај, Агуеро, додека сигурно е дека Реал Мадрид ќе го украде Давид Алаба, кој исто така станува слободен во летото.

Новата администрација најверојатно ќе биде избрана на 7. март, доколку и тогаш не ги одложат изборите, како што тоа го сторија на 24. јануари, повикувајќи се на коронавирусот и хаотичната ситуација во Каталонија.

Post Author: aleksandar