Потврдено: Челси добива нов менаџер!

Веста дека Челси ја прекина соработката со Френк Лампард одекна како бомба утрово.

Информацијата ја пренесоа бројни медиуми, а бомбите од Островот не престанаа да пристигнуваат.

Најновото е името на новиот менаџер на Плавите, а се чини дека тоа може да биде поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел.

Ексклузивни информации дава реномираниот италијански новинар Николо Шира, кој додава дека германскиот стручњак ќе потпише договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“ до 2022 година, односно на година и пол.

РМЦ Спорт тврди дека договорот ќе трае до 2025 година, а што ќе биде вистина на крајот ќе видиме.

Денеска се очекува официјална потврда за разрешувањето на Лампард, како и назначувањето на Тушел.

Post Author: aleksandar