Пристигнува покана од татковината, Мурињо останува без капитенот?

Жозе Мурињо би можел да остане без капитенот на крајот на сезоната.

Француските медиуми пишуваат за интензивниот интерес на Пари Сен Жермен за „единицата“ на Спарс, Хуго Лорис.

Секако, врската е Маурисио Покетино, кој има одлични односи со 34-годишниот чувар на мрежата, чијшто сегашен договор истекува летото 2022 година.

Самиот Лорис размислува за напуштање на Лондон, тој сака да се приклучи на тим кој освојува трофеи, па враќањето во татковината би било по мерка решение.

Од друга страна, вистина е дека тој не е во препознатлива форма и Тотенхем сигурно би можел да размисли за промена на голот.

Post Author: aleksandar