Проблеми за Арсенал, што е со Обамејанг?!

Арсенал го заврши обидот да ја одбрани титулата во ФА купот.

Во саботата момците на Артета беа елиминирани од Саутемптон, клубот од „Сент Мери“ оди понатаму благодарение на тесниот резултат.

На крајот од натпреварот, Артета откри проблем што се појави неколку часа пред натпреварот. Пјер-Емерик Обајеманг го напушти тимот, ова се непознати проблеми од лична природа.

“Тој ќе мора да се соочи со тој проблем и да види како тој понатаму ќе се развива. Ние сме тука да го поддржиме и тој ќе го одвои потребното време, бидејќи тоа е приоритет во овој момент”, рече Артета.

Обамејанг најверојатно ќе го пропушти следниот натпревар со Саутемптон, овој пат во Премиер лигата во вторник. Големата непозната останува дали Габонецот ќе биде подготвен да игра против Манчестер Јунајтед. Дербито на „Емирати“ се игра на 30. јануари.

Post Author: aleksandar