Челси потешко од очекуваното се пласира во четврт-финалето на ФА купот

Челси се пласираше во четвртфиналето на ФА купот.

Сините потешко од очекувањата го совладаа нисколигашот Барнсли со 0:1.

Моментот на одлука се случи во 64. минута, кога Абрахам со асистенција на Џејмс го совлада голманот на домашниот Колинс.

Челси сега има убава можност да оди во полуфиналето на ФА купот, бидејќи во четвртфиналето ќе се соочи со Шефилд Јунајтед, во кој сините од Лондон ќе бидат домаќини.

Post Author: aleksandar