Што се случува со Бејл? Ниту Мурињо не го знае одговорот на тоа прашање

Синоќа можевме да уживаме во спектаклот што ни го подготвија играчите на Евертон и Тотенхем во ФА купот, во кој „карамелите“ славеа со 5:4 по продолжението.

Вистинската резултатска клацкалка се виде во текот на целиот натпревар, што конечно го реши во дополнителните минути бразилецот Бернард и со тоа го испрати Евертон во четвртфиналето.

Двајцата тренери ги испратија своите најдобри играчи на теренот, но немаше место за Герет Бејл во ростерот на Тотенхем.

Велшанецот има регистрирано само 15 натпревари од враќањето во редовите на „петлите“ од Реал, и сè уште не ги има одиграно сите 90 минути во Премиер лигата за својот старо-нов клуб.

Ова беше поради повредите, како и некои работи надвор од теренот, а Жозе Мурињо се обиде да ги реши сомнежите во сето тоа.

“Герет не играше против ВБА во неделата. Следниот ден малку се изненадив затоа што тој сакаше да оди на снимањето на коленото затоа што не се чувствуваше пријатно со еден мускул, па затоа не тренираше тој ден. Потоа тој тренираше со тимот во вторникот, но тие ме информираа дека “Тој сака да ја зацврсти областа што не се чувствува добро, така што не беше во тимот. Не е јасно, чиста повреда. Би рекол дека се чувствува непријатно, тој не беше ни 100 проценти затоа што пропушти тренинг, но не можеме да зборуваме за повредата. “се зборовите на Португалецот.

Post Author: aleksandar