Аца Лукас го „изеде стапот“: Возел пијан, го сопрела полиција, па почнал да бега…

Аца Лукас ќе мора да плати казна од 600 евра затоа што синоќа управувал со автомобил под дејство на алкохол, а освен тоа ќе добие и 14 казнени поени, како и седум месеци забрана за управување со моторно возило.

Фолк пејачот синоќа одбил да прави алко-тест кога го запреле полицајците, а потоа побегнал.

Органите на безбедност веднаш го пронашле Аца Лукас и тогаш морале да го однесат во полициска станица, каде што било потврдено дека има 0,95 промили алкохол во крвта.

„Ме приведоа затоа што имав 0,95 промили алкохол во крвта. Ја поддржувам работата на нашата полиција. Треба да платам и казна…“, вели Лукас.

Post Author: D C