Ако имате камера на автомобилот, тргнете ја зашто ќе добиете казна од – 400 евра!

„Слободен печат“ објави дека полицијата ги предупреди граѓаните да не поставуваат камери на нивните автомобили затоа што само лице од МВР смее да поседува такво нешто и да снима на јавни места.

Ако ниту нивното предупредување не ве предомисли да не ставате камера, тогаш ќе си платите казна од 400 евра, а исто така ќе добиете и кривична пријава.

„Сопствениците на возилата кои имаат фабрички инсталирана видеокамера во ретровизорите или во задниот дел на автомобилот, имаат опција сами да побараат од овластен сервис да ја деактивира зашто во спротивно ќе си добиете казна од 400 евра“, соопштија од полицијата.

Извор: Слободен печат

Post Author: D C