Алисон емотивно: Се надевам дека татко ми сега ме гледа…

Ливерпул славеше со 2-1 против ВБА и му се приближи на Челси на само еден бод, а јунак во победата беше голманот Алисон.

Не поради одбранет пенал или поради некоја луда одбрана, туку поради гол кој го постигна во судиското надополнување.

Робсон Кану им приреди изненадување на гостите во 15. минута, но работите ги врати на почеток Салах кој израмни на 1-1.

Во судиското надополнување Алисон тргна во казнениот простор на ривалот и беше свесен дека нема што да загуби, а потоа топка испрати Александар Арнолд која го погоди голманот во глава.

Највисок во скокот беше бразилскиот чувар кој постигна победнички гол.

„Сакав да бидам во казнениот простор за да им помогнам на соиграчите и да навлечам барем еден дефанзивец на себе. Сепак, никој не ме чуваше и се случи тоа што се сллучи. Се чувствувам неверојатно. Полн сум со емоции, по тоа што ми се случуваше на мене и семејството. Се надевам дека татко ми го виде мојот гол“, вели голманот.

Post Author: D C