Арсенал и Сити се сретнуваат во четвртфиналето, Јунајтед гостува на „Гудисон парк“

Победникот на ФА Купот и Карабао Купот ќе се сретнат во четвртфиналето на Лига Купот на Англија, со што Манчестер Сити ќе може да му се реваншира на Арсенал за поразот во полуфиналето на ФА Купот пред два месеци. Соочувањето на шпанските тренери Гвардиола и Артета е најзвучниот пар од вечерашната ждрепка.

Мурињо и Тотенхем, односно Њукасл на Стив Брус се екипите кои за противници добија екипи од Чемпионшип.

Четвртфинале:
Арсенал – Манчестер Сити
Евертон – Манчестер Јунајтед
Стоук – Тотенхем
Брентфорд – Њукасл Јунајтед

Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат на 21 и 22 декември, а во случај да нема победник по деведесет минути, ќе се шутираат казнени удари.

Post Author: aleksandar