„АС“: Барселона добива две засилувања од Манчестер, Лапорта се договорил со Агуеро!

Шпанските медиуми пишуваат дека Жоан Лапорта разговарал со напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро и се договориле да потпише со Барселона.

Агуеро сака да го напушти Манчестер сити ова лето бидејќи соработката му завршува во јуни, а нема план да преговара за нов договор.

Агуеро како бесплатен фудбалер ќе се пресели во Каталонија, а наводно ќе потпише и договор до 2023 година со каталонскиот гигант.

Аргентинецот долго време се поврзуваше со Барселона, но дури сега се појавија информации дека работата е готова и Агуеро ќе стави потпис на договор.

Напаѓачот претходно не сакаше да одговори на такво прашање со изговор дека бил уште фудбалер на „граѓаните“, но очигледно тоа ќе се промени наскоро.

Post Author: D C