Барселона договара голема размена со Манчестер сити?

По Серхио Агуеро и Ерик Гарсија, Барселона летово ќе се обиде да ангажира уште еден фудбалер на Манчестер сити.

Каталонски „Спорт“ објави дека шпанскиот гигант преговара со премиерлигашот за Ејмерик Лапорт.

Барселона на стоперските позиции ги има Жерар Пике, Клемен Ленгле, Самуел Умтити, Араухо, Мингуеза и Гарсија, но тренерот Роналд Куман сака уште еден дефанзивец.

Лапорт стана резерва во Сити кај Пеп Гвардиола откако го купија Рубен Дијас, а одлично игра и Џон Стонс.

Барселона нема пари да го откупи неговиот договор, но планира да го ангажира со размена на играчи.

Каталонците на Сити му го нудат Серхи Роберто, играч кој му се допаѓаше на Гвардиола и кој дебитираше под негово водство во 2011 година.

Post Author: D C