Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта веднаш најави реформи во каталонскиот гигант откако ги доби претседателските избори пред неколку дена.
Лапорта е познат по тоа што со многу успех ја предводеше Барселона во период од 2003 до 2010 година, а сега најави подобри денови.
Првата работа која треба да ја направи е нов договор за Лионел Меси, кој има договор до летово.
Потоа Лапорта најави битка за потписите на Давид Алаба, Серхио Агуеро и Ерлинг Халанд, иако тоа за многумина изгледа како невозможна мисија бидејќи клубот е во минус од милијарда евра.
Многумина се прашуваат од каде им се парите на Каталонците, а Лапорта планира да го наполни буџетот со продавање на фудбалери како Антоан Гризман, Филипе Кутињо и Осман Дембеле, но и други играчи.