Барселона постави доказ дека е оштетена за пенал во Севиља! (видео)

Екипата на Барселона беше поразена со 0-2 на гостувањето кај Севиља во првиот меч од полуфиналето на шпанскиот Куп.

Каталонскиот гигант дојде на раб до испаѓање од натпреварувањето и ќе им треба голем пресврт во реваншот за да се вклучат во борбата за трофеј.

Многу приговори имаше Барселона на судењето на главниот арбитар, а притоа Каталонците сметаат дека ги оштетил за пенал.

„Тука имаше пенал кој не ни го досуди судијата. Ќе го анализираме натпреварот, но пред нас се нови мечеви за само неколку дена. Ова е напорен распоред за сите и тоа е лошо за фудбалерите“, вели Роналд Куман.

Post Author: D C