Барселона разговара со менаџери на двајца врвни фудбалери

Барселона ќе направи големи промени во тимто за следната сезона, а каталонскиот гигант планира да се раздели со дел од досегашните членови на екипата, по што на нивно место ќе бидат ангажирани други ѕвезди.

Засега во тимот од Каталонија пристигнаа Ерик Гарсија и Серхио Агуеро од Манчестер сити, како и Емерсон Ројал од Бетис, додека набрзо се очекува потпис и со Мемфис Депај од Лион.

Барселона очигледно ќе биде активна и во остатокот од преодниот рок, а новинарот на „Ел Чирингито“, Хозе Алварез најави интересна вест која ги заинтересира навивачите на каталонскиот тим.

Алварез тврди дека раководството на каталонскиот гигант минатата недела имало преговори со менаџери на двајца врвни играчи од англиската Премиерлига.

Меѓутоа, интересно е тоа што Алварез не ги откри имињата на тие фудбалери, па засега оваа информација треба да се земе со резерва затоа што не се објавени конкретни податоци.

Post Author: D C