Георгина Родригез, вереничката на Кристијано Роналдо откри дека била грда додека била помлада и дека со тек на време станала совршена.
Избраничката на Роналдо и манекенка живее богат и луксузен живот, но не било од секогаш така. Како тинејџерка Георгина живеела во куќа и работела како продавачка за 275 евра месечно.
Таа се преселила потоа во Бристол, кога имала 17 години и почнала да учи англиски, а нејзиниот татко 10 години бил во затвор поради трговија со дрога.
„Кога бев мала, бев како грдото пајче и сега се претворив во лебед. При раѓањето никој не може да каже дека подоцна ќе бидеш убав“, вели манекенката.