Предвидување на Бил Гејтс: Есента ќе биде полоша од летото, а ова е начин да се вратиме во нормала!

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс предвидува дека есента за Америка ќе биде полоша од летото поради последиците од вирусот.

Гејтс кажа дека вирусот ќе почне да се пренесува низ луѓето бидејќи сите седат во затворени простории.

Милијардерот кажа дека доколку Америка не почне активно да ја користи вакцината против вирусот, ништо друго не ни останува освен физичко растојание и носење на маски.

„За жал, има многу лоши пораки по тоа прашање, а во САД носењето на маски не се почитува“, вели милијардерот.

Гејтс неодамна во интервју кажа дека животот ќе се врати во нормала кога ќе се појави втората генерација на вакцината и кога вирусот ќе исчезне од планетата.

Тој пред еден месец кажа дека САД ќе се врати во нормала во летото 2021 година благодарение на вакцините.

Post Author: D C