Бившиот директор на АЕК: Сопругата ќе се разведе од мене зашто повеќе не сум на функција!

Поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски на неговиот профил на Фејсбук објави дека се разведува од неговата сопруга, а ги објасни и причините за тоа.

Орданоски ја нарече сопругата „фотошоп барбика“, а порача дека се разведува од него затоа што повеќе не е директор.

„Уште еднаш, среќен роденден на мојата прва љубов, штета што мајка и, фотошоп барбиката Agnesa Ordanoska не е тука, на 17-иот роденден на нејзината првородена ќерка, има поважна работа, подготвува документи за развод од нејзината поранешна љубов од која, по нејзини зборови, се оладила, најверојатно поради тоа што таа љубов не е повеќе директор и не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби, се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене.Голема благодарност до персоналот на хотел Молика, секогаш ми било и повеќе од пријатно тука, момците навистина се трудат престојот да ни биде незаборавен. Големо благодарам за тоа, деновите тука се лек за проблемите дома.Тоа е тоа, одиме понатаму.“, напиша тој.

Post Author: D C