„Чесните нема да ги чепне никој во Македонија, кој не почитува, ќе си плаќа казни!“

Вицепремиерот за борбата против корупција, Љупчо Николовски во вестите на Канал 5 даде изјава за функционалноста на системот и кажа која е негова главна мисија годинава.

„Нашата цел е да покажеме дека се почитуваат законите, а каде што не се почитува, таму мора да има касни. Чесните никој не смее да ги малтретира и оваа година ќе се посветиме на тоа, ќе има правда за сите“, вели тој.

„Слабост на нашиот систем се јавните обвинителства, односно истражувачкиот капацитет. Ние имаме само четири такви центри. Ако земеме колку стручни соработници има еден обвинител, тогаш ќе видиме дека сме далеку од просечно функционирање“, порача вицепремиерот за борба против корупцијата.

Post Author: D C