Челси ќе го има најскапиот резервен голман на светот

Лондонски Челси, бившиот европски и англиски првак сè поизвесно е дека ќе го задржи најскапиот светски голман Кепа Аризабалага, за кого фрли пред две лета цели 80 милиони евра, зашто никој не го сака Баскиецот, па ни на – заем.

Англиските медиуми објавија на пет дена до крајот на преодниот рок дека најверојатно Челси ќе го има најскапиот резервен голман во историјата, зашто никој не покажува ни најмал интерес за Кепа, а сето тоа ќе ги чини пет милиони фунти годишно, за да го имаат чуварот на мрежата на клупата за резерви.

Челси веќе го купи Едуард Менди од Рен и тој ќе биде „единица“ на лондончани во новата сезона, најмногу и поради ужасната ланска сезона на Кепа и огромниот број на киксови што ги направи Баксиецот.

Челси за Кепа бараше неверојатни 60 милиони фунти за трансфер, 11 помалку од тоа што плати за да го купи од Атлетик Билбао, но купувач за голманот нема, посебно не во оваа криза со коронавиусот и намалените финансии буквално кај секој клуб, ама откако раководството на „сините“ се созема дека е невозможно да го продадат за сериозни пари, се решија да го дадат на заем, но и таму имаат проблем. Никој не сака да даде 150.000 фунти неделно за плата за овој чувар на мрежата.

Post Author: aleksandar