Човекот кој го понижи Меси против Баерн: Да се биде Лео е премногу тешко!

Кике Сетиен на крајот на минатата сезона доби отказ откако Барселона доживеа дебакл во Лигата на шампиони и загуби со 2-8 против Баерн Минхен.

Во стручниот штаб со Сетиен беше и Едер Сарабија, кој во моментов е тренер на Андора, но тие не се прославија.

Сетиен и помошниците не покажаа авторитет во соблекувалната на Барселона и тоа на крајот скапо ги чинеше.

Сите го паметат моментот кога против Баерн сакаа Сарабија и Сетиен нешто да му објаснат на Меси, но Аргентинецот беше бесен и не сакаше да слуша.

По неколку месеци се јави и Сарабија, кој призна дека Сетиен и тој не успеале да го извлечат најдоброто од Меси и дека немаа најдобар однос.

„Не успеавме да го извлечеме најдоброто од Меси, хемијата со него не беше каква што сакавме. Да се биде Ле е многу тешко, ти си најдобар играч во светот и не можел нормално да излезеш на улица. Тоа ти создава психички замор“, вели Сарабија.

Post Author: D C