Црна Гора е подготвена за летово: Еве што ќе носат вакцinираните лица!

Мерките против вирусот полека почнаа да се опуштаат, па македонските туристи ќе може да одат на одмор во неколку држави во кои има различни протоколи, а во Црна Гора не треба ниту пцр-тест.

Црна Гора реши и да ги вакцinира сите туристички работници, кои ќе ги обележи со беџ за да ги извести туристите дека се безбедни покрај нив.

Ова е уште еден потег со кој сакаат да привлечат голем број туристи ова лето за да го оживеат туризмот, кој трпи големи последици поради вирусот.

„Им препорачуваме на сите вработени да бидат вакцiniрани, бидјеќи тоа е важно за безбедноста на туристите и на вработените. Ќе воведеме беџови со кои ќе ги известиме туристите дека се безбедни“, кажа министерката Боровиниќ-Бојовиќ.

Црна Гора од денеска ги укина и задолжителните носења на маска на отворено, но на сила остануваат мерките за во затворени простории.

Тие соопштија дека гостинот може да одбие да ги почитува правилата, но тогаш сам си ја сноси одговорноста ако ги прекрши мерките во ресторан или друг туристички објект.

Post Author: D C