Депај со порака на Твитер ја откри неговата иднина?

Најдобриот фудбалер на Лион, Мемфис Депај се јави преку социјалните мрежи и кажа дека е вистински момент да се преземе контролата во свои раце.

Одамна се знае дека најголема желба на Депај е да ја засили Барселона, но работите би можеле да се закомплицираат ако Роналд Куман добие отказ.

Депај, наводно, го делат само детали од конечен договор со каталонскиот гигант, па можеби на тоа се однесува и помошта од неговиот адвокат.

„Време е да ја преземам контролата над својата кариера. Дојдов до точка кога морам да донесам важни одлки за својата иднина, решив да преговарам за моите идни чекори заедно со луѓето од доверба, но и со помош на правни експерти. Одлуката за својата следна дестинација ќе ја донесам сам“, кажа Депај.

Ако може да им се верува на шпанските медиуми, тогаш Депај ќе потпише за Барселона ако Роналд Куман остане тренер на каталонскиот тим и во следната сезона.

Холанѓанецот е прво име на Лион и сезонава има 20 постигнати голови и 10 асистенции, а за францускиот клуб одигра 177 меча.

Post Author: D C