Доналд Трамп со моќна порака за вирусот, го спомена и – Бог!

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека тоа што бил заразен со вирусот е „благослов од Бог“, зашто му дал идеја за можни лекови за болеста.

Во видео-снимката објавена синоќа на Твитер неколку часа откако беше одржан состанок, Трамп вети дека ќе работи на пронаоѓање на лекови со кои ќе може да се победи вирусот, а лекот ќе биде бесплатен за останатите Американци.

„Сакам сите да имате ист третман како и вашиот претседател“, кажа Трамп и потврди дека барал од докторот да му го каже лекот.

Претходно беше соопштено дека претседателот на состанокот во Белата куќа бил известен за економските влијанија и ураганот Делта.

Post Author: D C