Вереникот на Џенифер Лопез не одолеа: Ја снимаше додека таа „мешаше“ со задникот! (Видео)

Латино ѕвездата Џенифер Лопез, иако неодамна влезе во шестата деценија од животот, нејзиниот затегнат задник од 27 милиони долари и понатаму е тема на многумина, а изгледа дека и нејзиниот вереник Алекс Родригез уживаше во погледот.

Тој ја снимаше Џенифер Лопез додека се расонуваше со утринско кафе и музика покрај базенот, а ритамот ја понесе и таа реши да „замеша“ со задникот.

Славната Џеј Ло беше во црни хеланки, односно нејзината омилена спортска комбинација, па најчесто може да ја забележиме во слични комплети.

Иако снимката трае неколку секунди, сепак доволно е да уживаме во опуштеното издание на Џеј Ло.

Post Author: D C