Е ова е „талент“: Излезе на возачки испит по рекорден – 157. пат!

Во Велика Британија неодамна беше пријавен нов рекорд по број на случаи кога некој паднал на испит за возачка дозвола, поточно колку пати паднало едно лице на теоретски испит.

Човекот, чие име не се открива во јавност, успеал да го положи теоретскиот тест откако претходно паднал 157 пати и во тој процес потрошил околу 3.000 фунти.

„Без оглед на тоа дали ќе паднете еднаш или 157 пати на тестот, нема срам да полагате повторно и секој тоа го прави…“, вели Марк Тонге, директор на компанијата.

Податоците на британското здружение покажуваат дека втор по број на неуспешни обиди за да се положи има една жена, која 117 пати паднала на теоретскиот дел.

 На третата позиција се наоѓа уште една жена, која конечно го положила тестот дури од својот 94. обид.

Post Author: D C