Џердан Шаќири го напушта Ливерпул?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно расположен и покрај тоа што неговиот тим загуби во осминафиналето од англискиот Лига куп од Арсенал и со тоа го заврши настапот во ова натпреварување.

Клоп во свој стил, со насмевка на лицето по натпреварот потврди дека еден фудбалер веројатно ќе си замине од клубот и токму затоа не бил повикан за оваа средба.

Станува збор за швајцарскиот репрезентативец, Џердан Шаќири кој пак беше одличен на претходниот натпревар од  Карабао Купот кој Ливепрул лесно го доби против Линколн.

– Не можам и не сакам да кажам ништо за тоа. Она што знам е дека Шаќири не е повреден и нема дисциплинска постапка за него.

– Ова е период од годината кога менаџерот добива некои информации по кои мора да реагира на истите, -изјави Клоп јасно алудирајќи дека Шаќири се подготвува за заминување од клубот.

Post Author: aleksandar