Филипче: Следен чекор е целосно затворање… Вмро-Дпмне: Колку побрзо си дадеш оставка, толку…

Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче најави дека доколку не се почитуваат воведените мерки ќе мора да се постапи поригорозно и да се направи целосен карантин, што на никого дефинитивно не му одговара.

Филипче кажа дека сме далеку од такво сценарио, но тоа зависи од самите граѓани и од тоа колку ги почитуваат мерките за носење маски на отворено, примање не повеќе од четири гости итн. Исто таа, тој порача дека капацитетите на болниците се веќе полни.

Вмро-Дпмне веднаш реагираше на тоа и порача дека џабе биле најавите пред избори дека ќе имаме монтажни болници, кога во моментов речиси нема никаков капацитет.

Тие му порачаа дека колку побрзо си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе бидат спасени.

Post Author: D C