Филмска приказна: Варди направи нешто што не му успеа на никој во светот!

Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди може да добие своја филмска приказна. Пред 10 години тој играше аматерски фудбал и го освои првиот трофеј.

По епизодата со Халифакс и Флитвуд, во 2012 година се сели во Лестер, каде што почнува една од најубавите приказни во историјата на фудбалот.

Варди со „лисиците“ ја освои Чемпионшип-лигата, Премиерлигата, а сезонава и ФА-купот. Покрај овие трофеи во Англија освојуваше и индивидуални награди за најдобар играч и стрелец.

Сепак, Варди со еден податок посебно привлекува внимание, а тоа е дека е единствен фудбалер кој играл во сите 14 рунди на ФА-купот.

Најстарото фудбалско натпреварување има 14 рунди, а од првата рунда се натпреваруваат аматерските клубови.

Варди во својата кариера ги одигра сите шест рунди од квалификациите на ФА-купот и осум главни рунди, а на крајот го освои и трофејот.

За Лестер настапи на 306 натпревари, постигна 136 голови и стана легенда на тимот, а засега не мисли да ја заврши кариерата, иако има 34 години.

Post Author: D C