Ги буделе ѕвездите на Барселона со огномет, а потоа активирале аларм во хотел!

Барселона вечерва ќе се соочи против ПСЖ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони, а Каталонците сакаат да надокнадат негатива од 1-4 од првиот меч.

Навивачите на ПСЖ ги нервирале фудбалерите на Барселона во текот на минатата ноќ откако најпрво им запалиле огномет под прозорец, а потоа пронашле уште еден начин како да ги остават без сон.

Само еден час по огнометот, навивач решил да го активира алармот во хотелот кој е против пожар и така ги оставил Каталонците без сон пред еден од најважните натпревари во сезоната.

Полицијата интервенирала и го уапсила лицето кое го активирало лажно алармот, а потоа се покажало дека бил навивач на ПСЖ.

Post Author: D C