Го допре дното: Барселона играше во Севиља, а на официјалниот канал имаше – дебата за сос за пица!

Ситуацијата во Барселона не е најдобра откако почна пандемијата на вирусот, па клубот се наоѓа во сериозни финансиски проблеми.

Во Барселона нетрпеливо го чекаат изборот на нов претседател, кој треба да се одржи на 7 март, а очигледно во клубот не знаат што прават откако си замина Бартомеу.

Барселона гостуваше кај Севиља во мечот од полуфиналето на шпанскиот Куп, а на официјалниот канал речиси и да немаше ништо за оваа средба.

Во текот на мечот против Севиља на официјалниот канал траеше расправија за тоа кој сос е најдобар за пицата, а навивачите можеа да гласаат, но тоа дополнително ги налути поради несериозниот пристап кон важниот дуел.

Post Author: D C