Гувернер ги убедува луѓето да седат дома, а тој си седнал и ужива во рестора (Фото)

Гебин Њус, демократскиот гувернер на Калифорнија е фатен во луксузен ресторан на вечера со лобисти, откако луѓето ги повика да се придржуваат до мерките.

„Њујорк тајмс“ пишува дека никој на таа вечера не носел маска, а гувернерот бил фатен во луксузен ресторан, каде што цените за оброк по лице се движат и до 470 долари.

Ова се случува во момент кога Калифорнија има еден од најголемите скокови во бројот на новозаразени од почетокот на пандемијата, а гувернерот и демократите повикаа на стриктно придржување до мерките, односно луѓето да останат дома и да бидат внимателни.

Гувернерот беше на вечера со жена му и уште неколку лица, а откако се појавија сликите на интернет, тоа предизвика револт кај граѓаните.

Post Author: D C