Исповед на Чави: Двапати кажа „Не“, а кога ќе биде време за „Да“?

Легендарниот играч на Барселона и сегашен тренер на Ал-Сад, Чави Ернандез откри дека двапати одбил да го преземе каталонскиот клуб.

Во текот на претходната година ипол името на Чави се споменуваше неколку пати во медиумите како можен тренер на Барселона.

Чави конечно го прекина молкот и раскажа зошто досега не седнал на кормилото на Барселона, а неговата одлука е разбирлива.

„Не сакам да брзам во Барселона. Само што го продолжив договорот на уште две години со Ал-Сад. Моја цел е да напредувам, овде се чувствувам одлично и немам намера да го напуштам Катар. И понатаму учам, правам грешки, дел сум од еден одличен проект, кој не е поврзан само со Катар“, вели Чави.

„На среќа или не, морав двапати да ја одбијам Барселона од различни причини – семејни или професионални. Секако дека не ми беше лесно затоа што сум навивач на Барселона, но ќе дојде вистински момент кога ќе седнам на клупата. Роналд Куман е одличен тренер и заслужува почит во Каталонија“, објаснува Чави.

Post Author: D C