„Минаа 13 долги години без Тоше, ќе ни недостига секоја година сè повеќе“

Јелена ТОмашевиќ се присети на легендарниот пејач Тоше Проески, кој го загуби животот на 16 октомври 2007 година.

Тоше на денешен ден, 16 октомври 2007 година го загуби животот во сообраќајка која се случи во Хрватска.

Познатиот македонски пејач беше одличен и еден од најдобрите на просторите на Југославија, а тие кои го познаваа лично велат дека бил и прекрасна личност.

„Минаа 13 долги години без Тоше, ќе ни недостига секоја година сè повеќе. неодамна го посетив Крушево и неговото семејство, сè ми стана јасно кога ги запознав неговите родители. Од таква добрина не е ниту чудно што сите го нарекуваа ангел. Засекогаш ќе биде во моите молитви“, вели Јелена.

Post Author: D C