Каде може да се користат ваучерите од агенциите за патување?

Многу граѓани минатата година уплатија за одмор, но останаа дома поради вируcoт кој завладеа во светот и ги откажа и патувањата и го смени начинот на живот кај луѓето.

Туристичките агенции објавија дека постои интерес кај туристите за да ги искористат ваучерите, но доколку некој граѓанин се предомислил и сака да оди на друга дестинација од таа што платил лани, што тогаш?

Агенциите соопштија дека ќе излезат во пресрет на граѓаните и ќе им дозволат тие да си изберат каде ќе го поминат летото.

Единствен проблем се оние граѓани кои уплатиле во една агенција, а потоа сакаат ваучер да користат во друга, но такво нешто е невозможно.

Летната сезона се очекува да почне наскоро и екот е планиран на крајот на јуни, додека во меѓувреме се дефинираат правилата за патувања во другите држави.

Најголем дел од нереализираните одмори се купени за во Грција, а туристичките агенции побараа да се продолжи рокот на ваучерите до крајот на 2022 година, па во моментов Министерството за економија го разгледува тоа барање.

Повеќе за тоа прочитајте на „Сител.мк“.

Post Author: D C