Каква одлука Куман донел за Кутињо?

Фудбалскиот клуб Барселона во изминативе денови е топ тема во фудбалските медиуми ширум светот.

Во клубот владее вистински хаос кој сега барем малку е ставен под контрола со изјавата на Меси дека ќе остане на „Камп Ноу“ и следната сезона.

 

Сега, шпанските медиуми пишуваат дека освен Меси, во клубот ќе остане уште еден Јужноамериканец. Станува збор за Фелипе Кутињо кој минатата сезона ја помина на позајмица во редовите на Баерн Минхен и во четвртфиналето од Лигата на шампионите му даде два гола на својот клуб.

Кутињо се поврзуваше со заминување од Барселона, но по сигурното заминување на Суарез од клубот, тој веројатно ќе остане во Каталонија.

Единствен начин да си замине е некој да го откупи неговиот договор, но бидејќи ќе чини околу 100 милиони евра никој нема да се нафати на такво нешто.

Од друга страна, шпанските и англиските медиуми пишуваат дека по најновиот развој на настаните „жртвено јагне“ би можел да биде Антоан Гризман кој би можел да го напушти клубот и да се пресели во Премиер лигата.

Post Author: aleksandar