Каракачанов: Ни Џо Бајден нема да ви помогне, додека нѐ пишува како татарско племе – нема преговори!

Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кажа дека Бугарија ќе остане на истиот став кон Македонија и нема да го поддржи почетокот за старт на преговорите за пристап на Македонија во Европската унија.

Каракачанов порача дека нема да преговара додека не се променат некои работи во учебниците по македонска историја, како тоа дека Бугарите се нарекуваат татарско-монголско племе итн.

„Тие не направија ништо за три ипол години, Бугарија не ја блокира Македонија, туку политиката на Скопје ги запира граѓаните на патот кон влез во Европската унија“, објасни Каракачанов.

Очигледно Бугарите остануваат на својот став и тешко дека ќе го променат наскоро.

Post Author: D C