Ќе одите во Грција: Кафе 4 евра, гиро 2 евра, еве ги цените кои треба да ги знаете…

Грција летово ќе биде отворена за туристи, а сите кои беа минатиот викенд кога се отвораа границите велат дека цените биле многу ниски.

Во претсезоната секогаш има ниски цени, а тие сега можеа да се забележат на повеќе локации во Грција.

Ако ви се јаде гиро, тогаш ќе треба да платите од 2 до 2,5 евра во овој период од годината, иако цените се очекуваат да бидат повисоки во ек на летото.

кафето има различна цена на различни локации. На плажа може да се купи за цена меѓу 3 и 4 евра, додека едно пиво на плажа изнесува 3 евра.

Во продавниците цените се поевтини, но тие се наоѓаат подалеку од плажите, па затоа е и таквата цена на производите.

Ако ви се пие пиво од продавница, тогаш треба да одвоите 1 евро за лименка, а доматите ќе чинат од 2 до 3 евра по килограм, додека краставиците чинат 0,5 евра.

Може да си купите и бурек, но ќе треба да го платите речиси двојно од Македонија, па тој ќе ве чини околу 1,8 евра.

Post Author: D C