Ќерката на Цеца ги расплака сите со пораката за Бора Дрљача!

Бора Дрљача беше почитуван и сакан меѓу постарите, но и помладите колеги. Од прославениот народен пејач, кој на 11 октомври почина, се збогуваше и ќерката на Цеца, Анастасија Ражњатовиќ.

Анастасија на својот профил на Инстаграм објави стори на кое се наоѓа порака од Бора Дрљача, односно еден негов познат твит, кој сите го користат.

Станува збор за реченица на покојниот пејач на Твитер, на кој беше многу активен.

„Овој ден е за одмор и уживање, како и секој друг“, напиша Анастасија и се збогуваше со легендарниот пејач.

Од народниот пејач се поздравија и многу други популарни пејачи во регионот, па без сомнеж тој ќе им недостига на сите, а посебно на постарите генерации.

Post Author: D C