Конечно: Солскјер го истера својот план, доаѓа скап Англичанец, а се чекаат уште две засилувања!

Манчестер јунајтед е на праг до најголемото засилување, па така според англиските медиуми, Џејдон Санчо има договор со Борусија Дортмунд да го продаде на премиерлигашот за 90 милиони евра. Тоа му беше ветено минатата сезона, но тогаш цената беше 130 милиони евра плус бонуси.

Сепак, ситуацијата се промени поради вирусот, па Јунајтед би го добил со одреден попуст, но тоа нема да биде единствен трансфер на „црвените ѓаволи“ затоа што сакаат дефанзивец.

Јунајтед го сака Варан, а алтернатива е Кулибали од Наполи на кој му падна цената затоа што се ближи кон крајот на договорот.

„Ѓаволите“ го сакаат и Џек Грилиш, но неговата цена изнесува 130 милиони евра и тоа е сума која нема никој да ја плати, иако и Манчестер сити е заинтересиран за неговиот потпис.

Поради тоа, тимот од „Олд Трафорд“ сака да го ангажира поевтиниот Хари Винкс од Тотенхем за кој се бара само 30 милиони евра.

Се чека и Атлетико за Трипие, како и Саул, но Шпанецот е блиску до трансфер во Баерн Минхен, кој ќе плати 70 милиони евра.

Солскјер во преодниот рок би можел да вложи околу 150-200 милиони евра, а главна цел ќе му биде да ја освои Премиерлигата.

Post Author: D C