Куман: Дали ќе останам во Барселона? Новиот претседател ќе…

Барселона наскоро ќе добие нов претседател, а како се ближат изборите се повеќе се шпекулира за иднината на Роналд Куман.

Во последно време се шпекулира дека Куман ќе си замине од Барселона по претседателските избори, а за тоа зборуваше и тренерот.

„Навивачите и медиумите се заинтересирани само за создавање на контроверзи. Најважно ми е да не се нервирам поради ова и да се концентрирам на натпреварите. Тоа не ме интересира. Новиот претседател ќе биде избран овој викенд, а тој ќе донесе одлука. Ми се здосади од вакви прашања кои ги добивам долго време. Тоа е важно за мојата иднина, но и иднината на тимот“, вели Куман.

Post Author: D C