Куман се раск*вари на прес-конференцијата, сите се загрижија! (Видео)

Тренерот на Барселона, Роналд Куман не можеше да ја издржи цела прес-конференција пред натпреварот против Севиља, кој се игра утре од 16.15 часот.

Каталонските новинари објавија дека на Куман двапати по ред во последните недели се раск*варел за време на прес-конференцијата.

Новинарот на „ЕСПН“, Самуел Марсден ја објави таа информација на својот профил на Твитер со порака „Се надевам дека е добро“.

Истиот извор објави дека повредениот Миралем Пјаниќ нема да игра против Севиља.

Post Author: D C