Лапорта ги освои навивачите со изјавата во која го спомена и Реал Мадрид!

Жоан Лапорта смета дека е главен кандидат за претседател на Барселона, каде што и претходно беше на чело на клубот.

Од утрово трае гласањето за нов претседател, а Лапорта е убеден дека ќе ја добие честа да го води тимот во иднина

„Реал Мадрид не ја освојуваше Лигата на шампиони кога јас бев претседател на Барселона. Барселона од 2015 година нема трофеј во Лигата на шампиони. Се надевам дека тоа наскоро ќе го промениме“, кажа Лапорта.

На полноќ ќе биде објавено кој ќе е нов претседател на Барселона и кој ќе управува со неа во следните пет години.

Post Author: D C