Лапорта го губи трпението: На ѕвезда ѝ порача да потпише договор или да фаќа магла!

Претседателот Жоан Лапорта очигледно нема трпение со Осман Дембеле, зашто Барселона сака да му го продолжи договорот до 2024 година, но тој засега не одговара.

Неговата соработка важи до јуни 2022 година, но францускиот репрезентативец намерно одложува нова средба со раководството.

Во исто време се појавија сомнежи дека Дембеле и неговиот агент намерно одбиваат да ја продолжат соработката затоа што Французинот веќе се договорил со нов тим за сезоната 2022/23 кај што треба да се пресели бесплатно.

Меѓутоа, Лапорта ја открил играта на Дембеле и му кажал дека до крајот на Европското првенство ќе има можност да каже дали останува, а ако не го направи тоа, тогаш ќе биде продаден.

Многумина во Барсеона со воодушевување ја дочекаа информацијата дека Дембеле ќе биде продаден затоа што тој не се покажа како добро засилување.

Претходно правеше проблеми, а во последно време се смири и играше солидно, но не ги оправда вложените 135 милиони евра.

Дел од медиумите пишуваат дека Јувентус се крие зад стратегијата на Дембеле, но очигледно нема да им успее планот.

Post Author: D C