Манчесер јунајтед носи еден од најдобрите стопери во Серија А

Манчестер јунајтед, кој е вицешампион на Англија, е во преговори со стоперот на Аталанта, Кристијан Ромеро.

Аталанта ја искористи опцијата да го откупи Ромеро од Јувентус за 16 милиони евра и сега би можела веднаш да го продаде.

Николо Шкира објави дека Јунајтед е во преговори со 23-годишниот стопер, кој ги прифатил условите и петгодишен договор на „Олд Трафорд“.

Останува клубовите да се договорат за отштетата, а наводно Јунајтед нуди дури 45 милиони евра, а таква понуда нема да одбие Аталанта.

Ромеро играше одлично во дресот на Аталанта, а претходно настапуваше и за Џенова, додека добрите анстапи привлекоа интерес и од неговата репрезентација.

Се очекува Ромеро да настапи на Копа Америка и да биде еден од најдобрите дефанзивци, па тоа ќе му помогне на Манчестер јунајтед да донесе конечна одлука дали ќе го купи фудбалерот.

Post Author: D C